Македонија
9. February 2017 - 10:51

По три илјади денари за секое првороденче во Росоман

По три илјади денари надомест за секое првороденче во општина Росоман. Одлуката ја донесоа советниците во Советот на општина Росоман на последната седница, информира денеска градоначалникот Стојанче Лазов. 

- Заклучно со јануари оваа година за сите првороденчиња општината исплаќаше по 1.500 денари, а со последното решение сумата е удвоена. Целта е да се стимулира наталитетот во општината. Одлуката е донесена едногласно од страна на советниците во Советот, истакна Лазов.

Тој додаде дека годишно во Росоман се раѓаат од 40 до 60 новороденчиња.