Македонија
29. May 2023 - 19:44

По три дена мислење Пендаровски стави потпис на законите за „Бехтел и Енка“

Пакетот од пет закони за изградба на коридорите 8 и 10 Д ќе добијат потпис и од претседателот на државата. 

Пендаровски вели дека ќе бидат потпишани указите за сите закони, па и за најосопоруваниот за работни односи, бидејќи во испратената верзија не стоела формјулацијата „60 часовна работна недела“, одлука која веќе ја укина Уставниот суд. Дециден е дека немал притисоци при носењето на одлуката.

Иако нивните имиња често се споменуваат во јавност, ниту претседателот Пендаровски, ниту министерот Спасовски не откриваат дали на престојните избори ќе влезат во трката за претседателски мандат. 

За уставните измени кои утре ќе се најдат на владина седница, Пендаровски вели дека не отстапуваат од она што беше договорено во Преговарачката рамка. И покрај противењето на опозицијата, немањето 2/3 мнозинство, Пендаровски сепак смета дека уставните амандмани треба да бидат ставени на седница пред пратениците. 

Пендаровски очекува опозицијата да одговори на повикот на Ковачевски за лидерско соочување, иако вели нејасно е што различно би понудиле од тоа што веќе го кажале како нивни позиции.