По смртта на новороденче, Франција го суспендира лекот „Увестерол Д“

Францсукиот министер за здравство Марисол Турен денеска соопшти дека е суспендирано натамошното користењето на лекот „Увестерол Д“, како „мерка на претпазливост“ по смртта на едно новороденче на 21 декември, јави дописникот на МИА од Париз.
- Резултатите од испитувањата покажуваат веројатна поврзаност меѓу смртта на новороденчето и примањето на „Увестерол Д“, се вели во соопштението француската Агенција за безбедност на лековите и здраствените производи.
Според Агенцијата, и покрај мерките за намалување на ризикот, кој се воведени од 2006 година за да се направи посигурна употребата на лекот, донесена е одлука за прекин на продажбата на „Увестерол Д“ во наредните денови.
Доенче на возраст од десет дена почина на 21 декември, по добивање на доза на „Увестерол Д“, лек кој се користи поради многу честата појава на недостаток на витаминот Д.
- Сакам да ги убедам родителите дека ако им го дадат витаминот Д на своите деца во каква било друга форма, тие не се во опасност. Суспензијата се однесува само на „Увесетерол Д“, а не на други лекови со витамин Д. изјави Турен.
Во изминатите 11 години, официјални лица во повеќе наврати предупредуваа на опасноста од овај лек, од како беа пријавени по десетина случаи секоја година за проблеми при негово давање на доенчиња.
Ново на Сител
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
-

ТАВ ја укина одлуката за ограничување од еден бесплатен влез по возило во 24 часа на Скопскиот аеродром
-

„Skopje Pride“ утре ќе протестира пред Амбасадата на Турција за поддршка на своите соборци во Турција
-

11 недели по формирањето, распуштена единицата за дрога во Куманово поради немање резултати
