По Скопје и Букурешт, во Подгорица: Лекиќ потпиша за Будуќност
Андреа Лекиќ од наредната сезона ќе игра за екипата на Будуќност. Српската ракометна репрезентативка и поранешна членка на ЖРК Вардар, потпиша двегодишен договор со црногорскиот женски првак.
По заминување од Скопје, таа ја продолжи кариерата во Романија, во екипарта на ЧСМ Букурешт за која настапува во моментот. Во Будуќност ќе се пресели како големо засилување за клупските амбиции за континуирани учества на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони на ЕХФ.
Лекиќ беше прогласена за најдобра светска ракометарка за 2013 година, а во кариерата, освен за ЖРК Вардар и ЧСМ Букурешт, играше и за Крим во Словенија и за Ѓер во Унгарија.
Во Будуќност ќе се придружи на Јованка Радичевиќ и на Барбара Лазович кои во минатото, исто така, игра во „црвено-црниот“ вардаров дрес.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра