По скок во вода го повредил петтиот вратен пршлен - 20 годишниот Дарко моли за помош
20 годишниот Дарко Циревски од Ресен пред две години доживеал повреда при скок во вода и дијагностицирана му била quadriplegia(одземеноста на раце и нозе).
За да се подобри неговата состојба, потребен е тримесечен третман во Хрватска, кој чини околу 26 илјади евра, пари кои тој со неговото семејство не можат да ги обезбедат.
„По долготрајни терапии и вежби во центрите во Македонија, стигнав до стадиум да ми требаат поинтензивни вежби и роботика со цел што повеќе да се подобри мојата состојба. По консултации со повеќе стручни лица ми е сугерирано да продолжам со поинтензивни терапии во poliklinika Glavic (Zagreb, Hrvatska), каде нивниот третман од 3 месеци чини околу 26.000 евра, цена која јас и моето семејство не можеме да ја обезбедиме, па затоа ги замолувам сите добри и хумани луѓе да ми помогнат да ги соберам потребните финансиски средства и да одам во најкраток можен рок. Ви благодарам од срце.
Броеви за донации:
Телеком: 070-143-144
Вип: 143-470
Трансакциска сметка: 210501677982873 NLB банка“, напиша Дарко на својот профил на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
