По серијата земјотреси во Мавровскиот регион, водата е заматена и не се препорачува да се пие
По силните земјотреси што се почувствуваа синоќа во Мавровскиот регион водата за пиење во сите селски населби е заматена и истата се препорачува да не се користи за пиење, јавува РСЕ.
Градоначалникот на Општина Маврово–Ростуше Медат Куртовски, за Радио Слободна Европа вели дека и покрај силните потреси не се забележани некои поголеми материјални штети.
„Поради земјотресите населението беше видно вознемирено, а поголем број на туристи кои беа во Маврово со своите автомобили го напуштија регионот и се упатија кон Скопје и други градови од кадешто беа дојдени“, истакна Куртовски.
Тој денеска со други претставници на локалните власти и комуналното претпријатие „Маврово“ е во посета на населените места во регионот во епицентралното подрачје, кое е во близина на Мавровоското езеро. Од јавното комунално претпријатие велат дека се додека нема друго соопштение за квалитетот на водата,поради заматувањето, истата не треба да се користи за пиење.
Синоќа два силни земјотреси со јачина од 4,7 и 4,4 степени по Рихтер кои се случија во 22 часот и 17 минути и 22 часот и 28 минути го погодија гостиварско – мавровскиот регион и истите се почувствуваа во Скопје, Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар и Струга.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова - Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција
-
Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад
-
Презентација на Извештај за состојбата на Ромите во Северна Македонија во 2024/2025
-
Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана
-
Во Кривичен прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во Скопје
-
Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа
-
Шекеринска во посета на Естонија