По разводот од Емина, Мустафа не дојде на роденденот на својот син

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал објавија дека ставиле точка на својот брак, меѓутоа нивниот однос после разводот дополнително ги интригира медиумите.
Постојат многу шпекулации околу причината за нивната разделба, но тие се согласни дека нивната љубов се угасила, поради што решиле да стават точка на својот брак. Емина веќе кажа дека најважно и е нејзините деца да не го почувствуваат отсуството на еден од родителите, но тоа веќе се случи во петокот вечерта, бидејќи Мустафа не се појави на роденденот на помладиот син Јавуз.
- Не знам која е причината што тој не беше таму. Постои можноста да имал работни обврски, па не можел да стигне. Искрено се сомневам дека Емина не го викнала, бидејќи тие навистина сакаат нивните деца да растат нормално. Прославата беше во петокот, а Емина се потруди се да биде подредено на малиот Јавуз. Тој наполни 6 години, а се беше во знак на филмските јунаци кои тој ги сака- вели извор и додава детал кој веројатно ќе ги изненади сите.
- Колку и било важно се да биде совршено на прославата покажува и фактот дека Емина сама ја подготвувала храната која се служела. Покрај децата со кои Јавуз се дружи, на роденденот имало и многу возрасни, па пејачката сакала се да и биде таман. Таа еден ден порано ги подготвила солените, но и слатките јадења кои се служени. Сама ја осмислила и темата на роденденот. Секаде во игротеката биле фотографиите на Јавуз, а и на тањирчињата бил неговиот лик.

Ново на Сител
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
-

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
-

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
-

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
