По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
Од Стејт департментот синоќа испратија честитка по повод Денот на независноста на нашата земја. Во меѓувреме, по повод празникот Обединета македонска дијаспора (ОМД) организираше свечено кревање на македонското и американското знаме во Њујорк.
- Од името на Соединетите Американски Држави, честитам на македонскиот народ 33 години од независноста и историскиот избор на вашата прва жена претседател. Го цениме нашето силно партнерство со Северна Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од државниот секретар Ентони Блинкен
Покрај честитките од Стејт департментот, огранокот на ОМД во САД организираше настан во соработка со градот Њујорк по повод Денот на независноста на Македонија.
Настанот се состоеше со кревање на македонското и американското знаме и интонирање на македонската химна на Вол стрит во Њујорк.
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ