Македонија
25. August 2015 - 16:57

По посетите на премиерот и директната комуникација дел од проблемите на граѓаните се решија, а дел се решаваат

По теренските средби,  директен увид во населените места, непосредни разговори со граѓаните институциите решија дел од посочените проблеми и почнаа со уште голем број интервенции. При посетата на премиерот во неделата во Љубош жителите побараа поддршка за решавање на проблемот со подрачни паралелки за учениците, бидејќи нивните деца патувале до соседните места за да одат на училиште.

По разговорите со премиерот, следуваше експресна реакција од министерството. Претставници на локалната самоуправа и жители од Љубош се сретнаа денеска со заменик министерот Ристовски. 

Екипи од скопски водовод од вчера се на терен во Долно Количани  каде граѓаните го посочија проблемот со водата за пиење. СЕ прави скенирање на состојбата со што ќе се решава водоснабдувањето.

Видео од Количани од средбата во неделата каде што ми кажуваат за проблеми со водоводот – ова го имате Груевски атмосфера од разговорите

Резултати по посетата на премиерот  се гледаат и во Моране каде жителите повеќе нема да пешачат до соседната автобуска постојка за да ги користат услугите на ЈСП . Нивното барање за продолжување на авобуската линија 51 е исполнето. Автобусот се обраќа според договорената траса.

Жителите велат дека ги ценат теренските средби преку кои можат директно да му се обратат на  премиерот и да побараат решение за недостатоците во нивното населено место.