-->
-->
По пауза од две децении ќе се уредува екстериерот на градската црква во Делчево
-->
Црквата посветена на светите апостоли Кирил и Методиј која повеќе од две децении стои недоизградена во Делчево, конечно ќе добие нов надворешен изглед. Со средства обезбедени преку донација, како што истакна градоначалникот на општината Горан Трајковски ќе се уредува кровот и фасадата на црквата.
-Изградбата на фасада и на кровната конструкција на новата црква која две децении стои недоградена, ќе донесе овој грандиозен верски објект да го добие својот конечен лик и да изникне во еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, да добие една заокружена целина и атрактивен простор за гостите и за самите жители. Донаторски средства за реализација на овие активности се обезбедени од големиот пријател на Делчево, Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање, рече Трајковски.
Додаде дека соработката меѓу Општина Делчево и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ на Милен Врабевски, на иницијатива на делчевецот Венци Димитровски е воспоставена пред една година.
Според најавите, оваа соработка ќе продолжи во делот на образованието преку надградување на капацитетите на учениците во делот на информатичките технологии и продлабочување на соработката на образовните институции од двете страни на границата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев
-
Европол разби голема хакерска мрежа
-
Приведен штипјанец кој возел со 1,81 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“
-
Два случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија
-
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во официјална посета во Скопје
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј - 24 Мај
-
Г7 се обединуваат за да ги стабилизираат пазарите