По новинарката, отпуштен уште еден известувач поради сериозна грешка за несреќата на Коби Брајант

Уште еден новинар во САД доби отказ поради погрешно известување за трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби НБА кошаркарот Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана.
Мат Гутман, главен известувач за САД на телевизијата „Еј-Би-Си Њус“, првично во јавување во живо известил дека сите деца на Брајант, Наталија (17 години), Бјанка (три) и Капри (седум месеци) се наоѓале во хеликоптерот. Подоцна тој се поправи во соопштение на Твитер.
– Неточно известив дека се смета оти четирите деца на Коби Брајант летале со него. Тоа е погрешно. Се извинувам до семејството на Коби, пријателите и нашите гледачи, напиша новинарот. По ова тој доби отказ од националната ТВ мрежа.
– Точно известување за фактите е камен темелник на нашето новинарство. Како што и јави во неделата, известувањето на Мат Гутман првично беше погрешно и не ги исполни нашите уреднички стандарди, изјави претставник на телевизијата.
Гутман жали за грешката што ја направил и уште еднаш се извини до семејството на Коби за „предизвиканата болка од загубата и дополнителното страдање предизвикано од прилогот“.
Од „Еј-Би-Си“ не потврдија дали Гутман е привремено суспендиран или добил траен отказ од работа.
Во донекаде сличен настан, новинарка на „Вашингтон пост“ исто така беше суспендирана од работа поради тоа што на својот Твитер профил постави линк до прилог на порталот „Дејли бист“ од 2016 година. Во прилогот се говори за кривично дело „силување“ покренато против Брајант во 2003 година. Обвинението беше повлечено.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
