По Нова Година поскапување на сите производи во маркетите низ Македонија
Покачувањето на акцизата на нафтата која од наредната година ќе ја дигне цената на дизелот во малопродажба за 3,5 денари по литар ќе биде вистински ценовен шок за граѓаните.
Покрај тоа што ќе се зголемат трошоците на секое семејство кое поседува дизел автомобил, ќе се покачат и цените на сите останати производи, бидејќи најголем дел од компаниите користат нафта за транспорт на производите. Па така, се очекува од наредната година секој производ во продавниците да биде поскап.
Кога станува збор за семејствата, барем оние кои користат нафта за транспорт, акцизата ќе има големо влијание врз домашниот буџет.
Едно семејство кое во просек троши 70 литра дизел месечно, сега ќе треба да плати 245 денари повеќе секој месец. На годишно ниво, тоа би било нешто помалку од 3.000 денари.
За среќа, нема да има големи даночни промени во 2018 година, бидејќи тие се очекува да почнат да се реализираат од 2019 година кога најверојатно ќе скокне и персоналецот.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
