По него врескаа жените во бивша Југославија: Филип исчезна од естрадата па сега повторно ја освојува
Филип Жмахер беше популарен во 90-тите години и ќе остане запаметен по исклучителните вокални способности. Беше миленик на женската публика, а тој им возвраќаше пеејќи им љубовни балади.
Филип Жмахер победи во 1995 година на фестивалот „Славјански базар“ во Белорусија, а потоа за ПГП го објави албумот „Бесконачно“, а се уште се памети неговиот дует со Драгана Мирковиќ.
-Ме нема повеќе на естрадата зошто нашата естрада не е добра. За жал, ние сме како село, а сме толку талентиран народ. Тоа го забележав уште во 2000 година ког отидов во Русија, Украина и Белорусија да работам. На нивната естрада сум и ден денес. Таму има почитување за уметникот, газдите на локалите не те тапкаат по раму, во секој клуб постои бина, тонска проба, светло, бекстејц, гардероба пред настап, а зборот „рајдер“ е вообичаена и се почитува, пејачот на настапот не мора да пее до зори и не се третира како џубокс, рече Филип пред неколку години.
Работеше некое време во Украина, каде ја запозна сопругата Анастасија, со која ја доби ќерката Лана. Едно време живееше во Германија, а сега со семејството се врати во Србија и почнува од нула.
Филип, по толку години се појави на сцена во Белград. Запеа со Корнелие Ковач на неговиот концерт во Народниот театар насловен „У инат седамдесетпетој“.
Еве како излега денеска:
Ново на Сител
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување