По крвавиот настан во Гостивар, сопружниците во стабилна состојба
– Сопружниците С.Р. (54) и Б.Р (60) кои утрово беа пренесени со повреди на скопските клиники, се во стабилна здравствена состојба. Според директорот на клиниката за торкална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи по санирањето на повредите, пациентите се задржани заради лекување и дополнителни испутувања. Жената имала повеќе од 20 убодни рани, а мажот потешка повреда на главата.
– Пациентката е примена со повеќе од 20 рани по телото и главата. Од еден убод со остар предмет кој ѝ е нанасен во градниот кош, оштетена е плеврата и таа повреда е санирана. Во текот на денот, се направени и други хируршки интевенции, со оглед дека жената има повеќе убодни рани по рацете, лицето и телото. Мажот е примен со повреда на главата и е префрлен на КАРИЛ каде се испутува дали има мозочно крварње и во каков обем. Засега и двајцата пациенти не се во живото-загрозувачка состојба, изјави за МИА Неџати Јакупи.
Брачниот пар беше најден утрово околу четири часот од полицајци во нивниот стан на улицата „Илинденска“, откако претходно било пријавено дека таму има поврдени лица. Во настанот што го истражува јавен обвинител, била повредена и С.Т. (78) која починала од повредите во гостиварската болница.
Од СВР Тетово информираа дека утрово околку шест часот во Гостивар е лишен од слобода 46-годишен гостиварец поради сомение за негова вмешаност во случајот.
Јавниот обвинител и полицијата потврдија дека интензивно работат на расветлување на сите околности поединости кои поврзани со овој случај.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност

