По колку часа дневно спијат најуспешните луѓе?

Иако денот не може да има повеќе часови од оние што ги има, може да се промени начинот на искористување на тие часа. Некои од најуспешните луѓе во светот не само што работат надвор од работното време, туку времето предвидено за спиење го користат за завршување на своите дневни обврски.
Директорите како што се Indre Nooyi која работи во Пепси и Jack Dorsey кој работи во Twitter, сонот често го жртвуваат за да ја сработат работата. Така на пример основачот на Twitter и CEO ма компанијата Square, Jack Dorsey во 2011 поминал 8-10 часа работејќи на Square, 8-10 часа на Twitter, па за сон им останале од 4 до 6 часа. Sergio Marchionne, CEO Fiat, спие само 4 часа, а вели дека буден го одржува кофеинот и цигарите.Marrisa Mayer, Yahoo CEO, работела 130 часа неделно, што не ѝ оставало многу време за спиење. Вели дека и биле доволни само 6 часа дневно за јадење и сон. Helena Morrissey, CEO Newton Investmen Managment, тврди дека станува во 5 наутро, а некогаш и порано и почнува да праќа мејлови, додека нејзините деца спијат. Со семејството се дружи во 19:30, а после тоа повторно се фаќа за работа. Tom Ford, моден дизајнер вели дека неговиот успех не лежи во талентот туку во работната енергија. Тврди дека спие само 3 часа дневно! Tim Amstrong, AOL CEO, се буди во 5 наутро и работи до 7 навечер.
Barack Obama открил дека оди да спие во 1 по полноќ, а се буди во 7 наутро, што значи спие само 6 часа. Donald Trump, претседател на The Trump Organization, вели дека за неговиот успех стои тоа што нема потреба од многу сон. Според него, тој спие само3-4 часа. Во биографијата на Никола Тесла стои дека многупати навечер преспивал само по 2 часа и продолжувал со работа. Сепак, при скратување на сонот треба да се има на ум дека заморот може да има влијание на работата која ја работиме. Иако раното будење е корисно, треба да се води сметка колку се спие. Се препорачува 6-8 часа сон дневно.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
