Ракомет
8. May 2016 - 21:04

По голема драма ракометарките на Букурешт се новите европски шампионки

 
 По голема драма и пенал „рулет„ ракометарките на Букурешт ја освоија титулата во Лигата на шампионките. 
 
Во финалниот меч на завршниот Фајнал-фор турнир кој се одржа во Будимпешта, ракометарките на Букурешт го совладаа фаворизираниот унгарски тимот на ¬¬Ѓер со 29:26 по подоброто изведување на седмерци. 
 
Неизвесен и израмнет дуел одиграа овие две екипи, а во ниту еден момент било која екипа не успеја да оствари позебележителна предност па на полувремето беше 13:12 за романската екипа, а на крајот на регуларните 60-минути израмнето 22:22. 
 
По продолжението (2х5-минути) резултатот повторно беше израмнет 25:25. Во пенал рулетот, повеќе среќа, нерви, но и среќа имаа ракометарките на Букурешт кои до шампионскиот трофеј стигнаа со конечен резултат 29:26.
 
Најефикасна ракометарка во редовите на новиот европски првак беше Изабеле Гулден која средбата ја заврши со 15 голови. 
 
Претходно, во натпреварот за 3.место, македонските првенки ЖРК Вардар го совладаа сега веќе екс-европскиот шампион Будуќност со 30-28 и по трет пат во низа како трето пласирани ја завршуваат сезоната во елитната Лига на шампионки.