По формирањето нова Единица за интервентна полиција, ќе менуваат ознаките на униформите

Владата на денеска одржаната седница, на предлог на МВР, ја усвои измената на уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата заради усогласување со новата организациска структура во Секторот за внатрешни работи Скопје, според која на местото на досегашните Единица за јавен ред и мир, Единица за прв одговор и интервенција (Алфи) и Единица за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт, се формира Единица за интервентна полиција (ЕИП).
Новата ЕИП, како што информира владината прес-служба, ќе биде надлежна за следење на состојбите од областа на јавната безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи и преземање дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и постапување по барање за асистенции за спроведување на извршна одлука, доколку при спроведувањето на извршувањето, надлежниот државен орган, односно лицата кои со посебен закон се овластени да го спроведат извршувањето, наидат на физички отпор или таков отпор може оправдано да се очекува и за спроведување на лица на барање на надлежни државни органи, како и асистенција на барање на други правни лица на територијата на Секторот
Ново на Сител
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
