По Фејсбук и Твитер, руските власти го блокираа и Инстаграм
– Руското регулаторно тело за медиуми Роскомнадзор денеска официјално го вклучи Инстаграм во листата на забранети сајтови, со што во Русија целосно се блокирани социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Инстаграм и другите мрежи, како и независни медиуми, се блокирани по барање на државното обвинителство.
Откако Фејсбук времено им дозволи на корисниците на некои земји да повикуваат на насилство против руските војници, руското обвинителство поднесе пријава против компанијата Мета како „екстремистичка организација“ и побара забрана на руска територија.
Претставникот на Мета (Фејсбук), Енди Стоун изјави за Си-Ен-Ен дека времено се толерираат политички изјави кои обично ги прекршуваат правилата на Фејсбук, како што се насилничките изјави.
– Ние сè уште нема да дозволиме такви повици за насилство врз руските граѓани, истакна Стоун.
Руското обвинителство остро ја критикуваше компанијата, наведувајќи дека таа формира поим за дозволеност на тероризмот и поттикнува ширење омраза и непријателство кон граѓаните на Русија.
Ново на Сител
-
Приведени четири лица при претрес во Кочани
-
Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија
-
Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година
-
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен
-
НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета