Приведени четири лица при претрес во Кочани
Полициски службеници од Полициската станица Кочани, вчера во 20:40 часот во Кочани, ги лишиле од слобода С.А.(43), С.М.(22) и У.К.(26), тројцата од Кочани и И.С.(37) од Пробиштип.
Како што соопшти МВР, при претрес во домот на С.А. во Кочани, во кој биле затекнати и С.М., У.К. и И.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.
-С.М., У.К. и И.С. биле затекнати при користење хероин и притоа, исто така со судска наредба, бил извршен претрес на У.К. и била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, се наведува во соопштението.
Одземената дрога била дадена на вештачење, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија
-
Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година
-
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен
-
НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета
-
Трамп најави нови царини за Кина, Канада и Мексико