По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово

По два дена работа и целосно прекинување на водоснабдувањето, саниран е дефектот на една од најголемите водоводни цевки со големина од Ф400 во Тетово. Од комуналното претпријатие за водовод тврдат дека сега водоснабдувањето е нормализирано и има 400 литри вода во секунда.
- По интензивна и континуирана работа, екипите на ЈКП „Шар“ успешно го санираа дефектот на старата водоводна линија Ф400. Благодарение на посветеноста на нашите работници, водоснабдувањето во градот е целосно нормализирано и повторно достигнува капацитет од 400 литри во секунда. Им се извинуваме на граѓаните за непријатностите предизвикани за време на прекинот и ви благодариме за трпението и разбирањето што го покажавте во овој период, соопшти ЈП „Шар“.
Раководството упатува посебна благодарност работниците, кои, и покрај високите температури и тешките услови, вложиле максимални напори за брзо и ефикасно решавање на проблемот.
МИА
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
