Македонија
6. December 2025 - 12:05

Неготинец силувал скопјанка, снимал со телефон и потоа ја уценувал со снимениот материјал

На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино.

Pостапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.