Македонија
11. November 2021 - 11:54

По барање на ВМРО-ДПМНЕ еден час пауза на собраниската седница за гласање доверба на Влада

Во Собранието еден час пауза по барање од заменик координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

Инаку на дневен ред е прашањето за доверба на владата поднесен од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието не се присутни пратениците на владејачкото мнозинство а инаку два пратеника од ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петковска и Никола Мицевски се позитивни на Ковид и според протоколите се присутни во Собранието во скафандери.

Седницата за доверба на владата ќе трае до 00:00 часот, доколку опозицијата обезбеди 61 глас против кабинетот на Заев тогаш владата е должна да даде оставка во рок од 24 часа по што по 10 дена Пендаровски треба да го даде мандатот за нова влада.

Во спротивно доколку се потврди дека немаат најмалку 61 пратеник, досегашната влада ќе остане на должноста до избор на следен кабинет.