По 20 дена прекинува потрагата по Мартин: Тој не припаѓа на морето, ќе чекаме да ни го врати
Потрагата по Мартин Јовановски кој исчезна во морето кај Посиди, Грција, прекинува по 20 дена. За случајот велат дека нема да биде затворен и дека потрагата продолжува на „друго“ ниво.
– Денес затвораме 20 дена без Мартин! Напорите за негово лоцирање цело време за жал беа неуспешни иако морето, копното и небото ги прокрстаривме со она што го имавме на располагање и со сите државни органи. Мартин не припаѓа на морето, Мартин припаѓа на копното и мора да се „врати“ таму во одреден момент. Па да го оставиме морето да си ја заврши „работата“ неколку дена со надеж дека во еден момент ќе ни се оддолжи. Сочувствуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се затвори! На мајката Лидија и на неговиот брат Горан им ветивме дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата сега продолжува на „друго“ ниво – објави организацијата ОФКАТ на нивата официјална Фејсбук страна.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен