По 14 денови прекината блокадата на РТС

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на социјалните мрежи објавија дека ја прекинале блокадата поради исполнување на барањето за распишување нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), јави дописникот на МИА од Белград.
„Објавен е нов конкурс за Советот на РЕМ. Со тоа, блокадата на РТС е завршена, по 14 дена“, објавија студентите на ФДУ на социјалната мрежа „Х“.
На денешната седница на собранискиот Одбор за култура и информации беше изгласана одлука за почнување постапка за предлагање кандидати за избор на членови на Советот на РЕМ.
На 14 април, студенти ги блокираа в,езовите на РТС во центарот на Белград и на Кошутњак . Тогаш објавија дека РТС ќе биде блокиран се додека не се објави изборот на ново свикување на Советот на РЕМ. Одброт во српскиот Парламент за култура и информации ја поништи претходно донесената одлука за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и почна постапката за распишување нов конкурс, што формално го побара опозицијата.
Објавувањето нов конкурс за избор на членови на Советот на РЕМ беше барање на студентите, со цел да се прекине блокадата на зградите на РТС што почна на 14 април во 22:00 часот.
Сите 16 присутни членови на одборот гласаа за првата одлука, а 15 за втората.
За време на седницата, што траеше околу три и пол часа, претставниците на владата и опозицијата изразија дијаметрално спротивни ставови за медиумите, како и за студентските блокади.
Претходната постапка за избор на нови членови на Советот на РЕМ беше практично суспендирана, бидејќи седум од вкупно 18 кандидати ја повлекоа својата кандидатура, тврдејќи дека процесот бил полн со нерегуларности и незаконитости.
Во меѓувреме, за министер за образование е назначен друг кандидат, професорот на Педагошкиот факултет и политички аналитичар Дејан Вук Станковиќ.
Мнозинството во Одборот за култура и информации го сочинуваат пратеници од владејачката коалиција, па затоа немаше гаранции дали ќе биде распишан нов конкурс.
Мандатот на претходното свикување на Советот на РЕМ истече на 4 ноември 2024 година, а нов не беше избран речиси шест месеци.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
