Плевнелиев: Соработката меѓу ЕУ и Турција клучна за ограничување на имиграцијата
Зајакнувањето на соработката меѓу ЕУ и Турција е од клучно значење за ограничување на приливот на илегални имигранти кон Европа и за зголемување на безбедноста на надворешните граници на Унија, изјави синоќа во Софија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на средбата со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Како што јави БТА, Плевнелиев нагласил дека кризите на Блискиот Исток и во Северна Африја генерираат нестабилност и претставуваат предизвик, како за членките на ЕУ, така и за Турција, па затоа е потребно преземање заеднички мерки.
Бугарскиот претседател изразил поддршка на мерките што ги презема Турција за справување со бегалскиот прилив и ги поздравил напорите на турските власти за обезбедување на границата меѓу двете земји и за спречувеање на влез на поголеми групи имигранти во Бугарија.
Плевнелиев и Давутоглу разговарале и за засилување на билатералната соработка во сферата на енергетиката, при што нагласиле дека диверзификацијата на изворите на енергија е од клучно значење не само за регионот на Југоисотчна Европа, туку и за целата ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден