Пленковиќ: Западен Балкан ќе биде голема политичка тема на самитот на ЕУ во мај

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека една од големите политички теми на хрватското претседателство со ЕУ ќе биде и самитот за Западен Балкан во мај, закажан на иницијатива на официјален Загреб, со цел забрзување на динамиката на проширување.
На средба со новинарите во Загреб Пленковиќ кажа дека желба на Хрватска е по 20 години од првата загребска средба, која ја отвори европската перспетктива за државите од југоистокот на Европа, „да се вбризга политичка динамика во односите меѓу тие држави кон Европската унија“, пренесе Хина.
-Во нашите консултации пред самитот ќе настојуваме да се премости и деблокира тоа што, за жал, не беше одлучено во октомври на Советот на ЕУ, и да се пронајде начин како да се отворат преговорите со Албанија и Македонија, рече Пленковиќ и додаде дека е тоа цел на Хрватска во консултации со ЕК и државите членки.
Тој додаде и дека најважна тема на нивното претседавање, во политичка смисла, ќе биде европскиот буџет, бидејќи ќе се одрази на сите политики на европскиот блок.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
