Пленковиќ: Шокиран сум од самоубиството на генералот Праљак
Хрватскиот премиер Андреја Пленковиќ денеска изјави дека е шокиран од самоубиството на поранешниот командант на силите на босанските Хрвати, генерал Слободан Праљак, кој испи отров во судницата откако Хашкиот трибунал го осуди на 20 години затвор и подоцна почина во болница.
- Сакам да изразам најдлабоко сочуство до семејството на Слободан Праљак. Неговиот чин, одземањето на сопствениот живот, најдобро зборува за длабоката морална неправда која им беше нанесена на шестмината осудени. Изразуваме жалење за денешната пресуда, изјави Пленковиќ на прес-конференцијата свикана по случувањата во Хаг.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ претходно, како што јави МИА, по веста за смртта на Праљак ја прекина посетата на Исланд и се врати во земјата .
Шестмината политички и воени лидери на босанските Хрвати од времето на Војната во БиХ, беа осудени на затворски казни поради злосторства извршени врз Бошњаци.
Пленковиќ изјави дека пресудата нема да ги наруши односите меѓу Загреб и Сараево, нагласувајќи дека не треба да се заборави дека Хрватска и упатила помош на Босна и Херцеговина која била соочена со „српската агресија“.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија