Пленковиќ: Резултатите од влезот во Шенген и еврозоната ќе се видат кон крајот на оваа година
Во организација на Хрватската влада и Хрватската народна банка (ХНБ), во Националната и универзитетска библиотека (НСК) се одржа конференцијата „Хрватска – 20-та членка на еврозоната”, која беше отворена со воведни говори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и Комесарот за трговија при Европската комисија, Валдис Домбровскис.
Од 1 јануари 2023 година, Хрватска стана 18-та земја-членка на Европската Унија која е целосно интегрирана по истовременото пристапување во еврозоната и Шенгенот.
– Ние сме меѓу петте проценти од населението што ја користи втората најсилна валута, рече Пленковиќ.
Тој додаде дека целиот процес за воведување на еврото во Хрватска започнал во 2017 година со партнерство на Владата и Хрватската народна банка, која ги спроведе неопходните реформски процеси во соработка со централноевропските институции, Европската централна банка и Европската комисија.
– Дојдовме до позиција каде што остваруваме 80 проценти од нашата размена со членките на Шенген зоната, додека дури 3/4 од нашите туристи се од таа област. Убеден сум дека дури по крајот на оваа година ќе видиме колку добро сме направиле за хрватската економија и хрватските граѓани со остварувањето на овие две цели, потенцираше Пленковиќ.
Тој рече дека годинава преку соработка со Европската централна банка ќе се направат напори за намалување на инфлацијата со цел до 2025 година нивото на инфлација во еврозоната да се врати на два отсто.
Домбровскис истакна дека интеграцијата на Хрватска во еврозоната стана важен фактор за донесување политички и финансиски одлуки на европско ниво.
Домбровскис потсети дека европскиот и светскиот мир во моментов се загрозени од руската агресија врз Украина, како и финансиската и енергетската стабилност, и додаде дека влезот на Хрватска во еврозоната се совпаѓа со високата инфлација во Европа и на глобално ниво, со која другите земји не мораа да се соочат при спроведувањето на сопственото членство во еврозоната.
– Цврсто верувам дека еврото ќе донесе придобивки за граѓаните и деловните субјекти за Хрватска и дека, исто како и во Летонија, ќе биде стабилизирачка сила, рече Домбровскис.
Тој оцени дека еврото ќе помогне за конкурентноста на хрватската економија, ќе придонесе за развој на туризмот и ќе привлече инвеститори.
Гувернерот на ХНБ Борис Вујчиќ, хрватскиот министер за финансии Марко Приморац и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони учествуваа на конференцијата и тркалезната маса „Еврото како гарант на издржливоста”, а претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се обрати преку видео врска.
Ново на Сител
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа