Пленковиќ: Просечната плата во Хрватска за четири години ќе биде 1.000 евра
Хрватскиот мандатар Андреј Пленковиќ денеска соопшти дека новата влада ќе ги исполни ветувањата за раст на просечната и минималната плата и дека просечната плата во таа земја за четири години ќе биде 7.600 куни (1.010 евра).
-За четири години од денеска ветувам просечна плата од 7.600 куни, рече Пленковиќ во хрватскиот Сабор, одговарајќи на забелешките на пратениците.
Тој додаде дека во претходниот мандат минималната плата беше зголемена за 754 куни (околу 100 евра) и најави дека минималната плата во наредните четири години ќе изнесува најмалку 4.250 куни (565 евра).
Пленковиќ додаде дека најавата за создавање 100.000 работни места во текот на следните четири години не е случајна и се темели на резултатите од работата на неговата влада во текот на изминатите четири години.
-Оваа бројка не е вклучена во програмата на новата влада како плод на безделничарење во слободно време, туку врз основа на резултатите од првиот, четиригодишен мандат на мојата влада, а тоа се 110.000 работни места што ги создадовме, им рече Пленковиќ на опозициските пратеници, кои ја доведоа во прашање реалноста на оваа најава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
