Пленковиќ очекува зелено светло од Еврокомисијата за влез на Хрватска во Шенген
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека очекува сегашната Европска комисија до крајот на својот мандат да даде препорака за влез на Хрватска во Шенген зоната.
– Очекувам Колеџот на комесари да го прифати она што го предложија надлежните комесари, мислам пред сè на еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, рече Пленковиќ, кој одржува серија состаноци со високи европски претставници во Брисел.
Европската комисија до средината на следниот месец на дневен ред би требало да ја стави проценката за подготвеноста на Хрватска за влез во Шенген-зоната. Претседателот на Евркомисијата Жан-Клод Јункер, за време на посетата на Загреб во јуни рече дека Комисијата ќе донесе позитивна препорака до крајот на мандатот, кој истекува на 1 ноември.
– Направивме многу чекори и сега очекуваме Колеџот на комесари да го прифати кажаното на пониско ниво, рече Пленковиќ.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест