Македонија
13. February 2024 - 18:32

Полициско возило удрило жена во Автокоманда

Полицијата извести дека вчера во 14.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јани Лукровски“ во Скопје, возило „фолксваген поло“ сопственост на МВР, удрило во Л.С.(74) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, Л.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.