-->
-->
Пленковиќ очекува неговата Влада да го преживее гласањето за доверба
-->
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека очекува утре во Саборот да му биде изгласана доверба на неговиот Кабинет, додвајќи оти и оваа опозициска иницијатива за недоверба на Владата ќе заврши како претходните две.
Пленковиќ оцени дека владејачката коалиција смета на парламентарното мнозинство од 78 пратеници.
Опозицијата минатиот четврток поднесе иницијатива за изгласување недоверба на Владата, а лидерот на најголемата опозициска сила, Социјалдемократската партија (СДП), Давое Бернардиќ по тој повод порача дека е потребно да се расчисти „корупцискиот октопод, здружениот ортачки потфат и калта во која се наоѓа Кабинетот на Пленковиќ поради случајот Агрокор“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата