-->
-->
Плеј оф: Победи за Фени Индустри и Работнички
-->

Кошаркарите на Фени Индустри и на Работнички со победи стартуваа во плеј офот. Фени Индустри поведе со 2-0 во добиени натпревари, додека Работнички изедначи на 1-1. Фени Индустри го победи Кожув со 100:96, додека Работнички го победи Куманово со 85:82.
На крајот од третата четвртина на дуелот во Кавадарци тренерот на гостите Марјан Илиевски беше исклучен, а во завршницата на тој период домашниот тим имаше предност и од 22 поена разлика (78:56). Гостите од Гевгелија во финишот намалија на два негатива (98:96), но немаа време за целосен пресврт. Кирил Николовски со 30 поени беше најефикасен на дуелот.
На дуелот во Куманово, Работнички пресвртот го направи во послендиот период кој го доби со 27:16. Најефикасен на натпреварот беше Бојан Трајковски од Куманово со 33 поени.
Следните натпревари се играат во петок во Гевгелија и во салата „Градски Парк“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
