-->
-->
Плеј оф - финале: МЗТ Скопје поведе со 1-0
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј офот откако синоќа на домашен терен го совладаа тимот на Карпош Соколи со 77:76 (19:21; 22:19; 12:21 и 24:15).
По изедначеното прво полувреме во третиот период гостите со серија од 9-0 имаа водство по 30 минути од 61:53. Но, првакот „се врати“ во последната четвртина откако имаше серија од 18-2 и на две минути пред крајот водеше со 76:67. Сепак Карпош Соколи со три тројки стигна до изедначување од 76:76. МЗТ Скопје преку Ксавиер Темс, кој реализираше едно од двете слободни фрлања поведе со 77:76 на 17 секунди пред крајот, а Доминик Мавра не го реализираше последниот шут за гостите.
Ѓорѓе Дреновац од МЗТ Скопје со 26 поени беше најефикасен, додека Кендрик Пери кај Карпош Соколи постигна 21 поен.
Натпреварот број 2 од финалната серија се игра во вторник од 20 часот во Вип Арената во СЦ „Борис ТРајковски“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства
-
Вонредна седница на Владата
-
Зошто пропадна тендерот на ЈСП за набавка на нафта?