-->
-->
Платата е 1.200 евра, а работници нема ни за лек
-->
Нада Поповиќ, сопственичка на фирма од Ужице во Србија бара работници, но како што вели иако платата е 1.200 евра, работници нема ни за лек.
Таа како што раскажува за српскиот Курир, со години бара ученици од сообраќајното училиште да дојдат кај неа да имаат бесплатна пракса, а потоа да работат на дигалки за 1.200 евра.
- Кадарот е проблем бидејќи младите генерации не сакаат да учат за тоа. Дури и тие што ќе завршат школо не знаат да работат со дигалките, вели таа.
Оваа работа е платена од 3 до 5 евра за час, а иако кај неа е 1.200 евра не може да најде кадар.
Таа вели дека за инает започнала да се занимава со оваа работа бидејќи откако сопругот и починал сметале дека жена не би можела да раководи со ваков бизнис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција
-
Стандардот, лошото здравство и образование и партизација, основни причини за иселувањето
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ