Loading Video...
Свет
15. November 2022 - 16:31

Планетата Земја од денеска брои 8 милијарди жители

Планетата Земја од денеска брои осум милијарди жители. Јубилејното бебе Винис Мабансаг се роди во Дака, Бангладеш, а радоста на родилетите беше проследена и со извесна загриженост.

“Бидејќи сега има 8 милијарди луѓе во светот, јас сум загриженa дали моите деца ќе можат да добијат соодветно образование и услови, тоa е мојот страв”

Според прогнозите, светската популација ќе достигне 8,5 милијарди луѓе до 2030 година, a 9,7 милијарди до 2050 година.

Западните земји се обидуваат да ја политизираат заедничката декларација на самитот на Ге-20, обвини рускиот министер за надворешни работи.

Во нацртот на завршната декларација од самитот, кој почна денеска во Бали, Индонезија, се наведува дека мнозинството членови најостро ја осудуваат војната во Украина и нагласуваат дека таа ја влошува глобалната економија.

„Западот додаде фраза дека многу делегации ја осудуваат Русија. Ние, пак, забележавме дека се изложени и други, алтернативни гледишта”

Украинскиот претседател Зеленски во видео обраќање ги повика учесниците да ја усвојат украинската мировна формула од 10 точки и да ја завршат војната, но за време на Самитот, Киев стана цел на нови ракетни напади.

По терористичкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест лица, Турција планира да гаѓа цели на Курдистанската работничка партија во северна Сирија, објави агенцијата Ројтерс.

Владата ги обвини курдските милитанти за експлозијата во неделата, но тие негираа вмешаност во нападот.

Покрај главната осомничена, досега се приведени на сослушување над 40 други лица.