-->
-->
ПК Бета со медали од митингот во Белград
-->

Пливачите од клубот Бета викендот учествуваа на силниот пливачки натпревар „Белградски трофеј 2017“ кој се одржа во Белград, Србија чиј организатор беше ПК Партизан.
Македонските натпреварувачи успеаја да освојат неколку медали.
Љупчо Ангеловски освои сребрен медал во финалето на дисциплините 50 метри делфин и бронзен медал 50 метри слободно.
Андреј Стојаноски освои сребрен медал во финалето на дисциплината 400 метри мешано и сребрен медал во дисциплината 1500 метри слободно, а успеа да се избори за финале и во дисциплината 400 метри слободно каде заврши четврт.
Стефан Цветковски освои златен медал во дисциплината 50 метри делфин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
