Пјонгјанг: Со хидрогенска бомба можеме да го уништиме Менхетн

Северна Кореја тврди дека може Менхетн да го „срамни со земја“ доколку го погоди со хидрогенска бомба, пренесува Танјуг.
- Доколку се постави хидрогенска бомба на интерконтинентална балистичка ракета и го погоди Менхетн во Њујорк, сите луѓе таму веднаш ќе загинат, а градот ќе изгори „до пепел“, изјави севернокорејскиот нуклеарен експерт Чо Хјонг Ил, објави севернокорејската државна телевизија.
„ДПРК Тудеј“ наведува дека хидригенската бомба на Северна Кореја има многу поголема сила во однос на онаа која ја поседуваше Советскиот Сојуз, а која можеше да ги скрши прозорците на зградите кои се одалечени 1.000 километри и да предизвика изгореници од трет степен на одалеченост од 100 километри.
„Вашингтон пост“ пишува дека сепак, постојат многу причини кои укажуваат дека режимот на Ким Џонг Ун ги преувеличува своите технички можности.
Пјонгјанг во јануари објави дека извел тестирање на хидрогенска бомба, а повеќето експерти се сомневаат во тоа, бидејќи како што наведуваат, сеизмичките бранови предизвикани од експлозијата се слични на оние од претходните нуклеарни проби.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
