Пјонгјанг: ОН сакаат намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров
- Заменикот на генералниот секретар на ОН за политички прашања Џефри Фелтман на средби со претставници на Северна Кореја го пренесе желбата на Светската организација за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров, соопштија денеска Властите во Пјонгјанг.
Во соопштението се посочува дека Фелтман за време на посетата на Северна Кореја „признал дека меѓународните санкции имаат негативно влијание врз хуманитарната состојба“ во земјата.
- Организацијата на обединетите нации изрази загриженост поради состојбата на Корејскиот Полуостров и изрази желба да работи на намалување на тензиите во согласност со Повелбата на ОН, која ги гарантира меѓународниот мир и безбедност, се нагласува во сооштението.
Како што пренесува МИА, Фелтман е највисок претставник на ОН што ја посети Северна Кореја во последниве пет години.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел