Свет
23. August 2016 - 15:15

Пјонгјанг нареди децата на сите свои дипломати во странство да се вратат во земјата

Јужнокорејското разузнавање информира дека севернокорејските власти им наредила на децата на сите свои дипломати во странство да се вратат во земјата, пренесе ТАСС, цитирајаќи ја агенцијата Јонхап.

Според јужнокорејското разузнавање, Пјонгјанг со оваа наредба има за цел да ги спречи бегствата на своите дипломатски службеници од дипломатските мисии.