Пјонгјанг: Лансиравме ракета со дострел до цела територија на САД
Пјонгјанг потврди дека извршил ракетно тестирање. Северна Кореја успешно истрела нов тип интерконтинентална балистичка ракета „Хвасон-15", која има дострел до САД, беше објавено на севернокорејската државната телевизија.
Тестираната интерконтинентална балистичка ракета „Хвасон-15" може да носи нуклеарна боева глава и има дострел до целата континентална територија на САД.
Во телевизиската порака прочитана од портпарол, се вели дека ракетниот тест бил извршен по лична наредба на лидерот Ким Џонг-ун.
Ракетата е најмоќна досега, со оглед на тоа што за 53 минути прелетала 950 километри и достигнала височина од 4.475 километри.
Претставници на јужнокорејската разузнавачка служба, на сослушувањето во Парламентот на Сеул, соопштија дека комунистичкиот Север веројатно наскоро ќе спроведе нов нуклеарен тест за атомско или термонуклеарно оружје.
Претходно, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон го осуди истрелувањето на балистичка ракета и ја повика меѓународната заедница да испрати до Пјонгјанг едногласна порака да се откаже од развој на оружје за масовно уништување.
Во изјавата на Стејт департментот се наведува дека САД и Канада ќе свикаат средба на земјите-членки на ОН, за да разговараат за тоа како меѓународната заедница може да се спротивстави на севернокорејската закана.
Дипломатски извори соопштија дека САД побарале вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.
Од своја страна, јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека неговата земја го побарала истото поради уште една во низата воени провокации на Пјонгјанг.
Од мисијата во ОН на Италија, која овој месец го предводи Советот за безбедност, соопштија дека вонредната седница ќе се одржи денеска во 15 часот, по њујоршко време.
Ново на Сител
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници