Пјонгјанг го предупреди Трамп

Северна Кореја денеска ја предупреди идната администрација на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ќе имаат работа со „нуклеарна држава“, наведувајќи дека трудот кој Вашингтон го вложува во денуклеаризација на Пјонгјанг е „илузија на која и истекол рокот на траење“.
- Ако администрацијата на Барак Обама направила нешто, тоа е дека безбедноста на континенталните делови на САД ги доведе во најголема можна опасност. Тоа новата администрација ја оптовари дека мора да се соочи со самостојна севернокорејска нуклеарна држава, пишува во севернокорејскиот владин весник „Родонг шинмун“.
Во текстот не се споменува името на Трамп, кој за време на предизборната кампања изјави дека е отворен за преговори со Ким Џонг Ун за нуклеарните амбиции на севернокорејскиот лидер.
- Ако тој би дошол тука, јас би го прифатил, изјави Трамп.
Ново на Сител
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
-

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
-

Лагард: Европа реагира предоцна во кризите
-

По масовниот прилив на мигранти во Сеута за 650 отсто зголемени пријавите за сексуални напади
-

Кривична за тројца полициски службеници кои малтретирале малолетник во Охрид по обид за бегство со мопед
-

Синдикатите повикаа на генерален штрајк во Италија – Планирани се 100 демонстрации
-

Николоски: Целосна реконструкција на патот Валандово-Струмица, следната година активности за патот кон Дојран
-

Отпушок од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени
