-->
-->
„Пивтијада 2017“ во Крива Паланка
-->

Околу 7.000 пивтии се приготвени за манифестацијата „Пивтијада 2017“ која осма година по ред ја организира локалната самоуправа на општина Крива Паланка на големиот христијански празник Богојавление - Водици.
Пивтиите ги подготвија учениците од угостителската паралелка на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
- Општината обезбеди околу 150 килограми месо за подготовка на пивтиите. Заедно со учениците два дена готвиме во народната кујна при домот за ученици „Боро Менков“. Утре изутрина ќе финишира постапката и за настанот ќе има 90 порции или околу 7.000 парчиња вкусни пивтии, приготвени по традиционален рецепт од ова поднебје, изјави професорот Дане Петровски од СОУ „Ѓорче Петров“.
Во процесот на подготовка беа вклучени учениците од завршната трета година од угостителската струка.
„Пивтијада 2017“ ќе се одржи на централниот градски плоштад во Крива Паланка, по одбележувањето на Богојавленскиот водосвет, фрлањето на крстот во водите на Крива Река.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
