„Пивофест“ е пред завршната вечер

Големата летна манифестација по која Прилеп е препознатлив во земјава и во регионот вечерва влегува во својата завршница. По 17-ти пат „Пивофест“ обезбеди четири дена весела, разиграна и атмосфера со посетители од земјава, од соседството и од нашинците во дијаспората во светот, кои, традиционално за време на одржувањето на „Пивофест“ ја посетуваат татковината.
Според организаторите, синоќешната, трета Фестиваска вечер помина во одлична весела атмосфера со многу посетители. кои се забавуваа на изведбите на The Hounds, Фрајле, Влатко Стефаноски Трио и Нокаут, нагласи прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.
-Имавме одлична забава, поминаа три одлични вечери, последнава вечер која е завршница ќе биде исто така успешна. Посебно ми е драго што синоќа поголемиот дел од изведувачите беа од македонската музичка сцена. Особено сум радосен што на сцената настапија татко и син, затоа што настапот ветува дека синот на Влатко Стефаноски, Јан ќе биде успешен како и неговиот татко. Денешнава вечер уверен сум дека ќе помине во добра атмосфера на задоволство на сите, рече Јованоски.
Програмата оваа вечерва ја отвараат „The For“, потоа следуваат настапите на „Кал бенд“, на Даниела Мартиновиќ , а завршницата е резервирана за составот „Cyrillic“.
Ова е прв настап на Кал бенд во Македонија. Бендот постои повеќе од 15 години и досега настапувал на повеќе од илјада концерти во странство, истакна фронтменот на бендот Драган Ристиќ.
-Ние свириме ромска музика спакувана во еден современ музички пристап, односно современа критичка реакција на музиката околу нас, но длабоко вкоренета во ромскиот идентитет. Имаме два албума, во странство сме многу присутни за разлика од Македонија, рече Ристиќ.
Прилеп утре ќе ги сумира достигнувањата од годинашниов 17-ти „Пивофест“ кој, меѓу другото донесе и новини, посебно со алтернативните сцени и со забавата за сите генерации.
Ново на Сител
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
-

ЦУК: Регистрирани 26 пожари на отворен простор, пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
