Питер Ванхојте на покана на ЗНМ во Скопје
Здружението на новинари на Македонија денеска соопшти дека на нивна покана во земјава престојува европскиот експерт Питер Ванхојте кој во рамки на разговорите на партиите за решавање на политичката криза, изготви предлог за медиумски реформи.
Како што соопшти ЗНМ, тие го поканиле Ванхојте со цел да му се заблагодари за неговиот придонес во изготвувањето на предлогот за медиумски реформи и да се искористи неговото искуство за лобирање кај новата Влада за спроведување на тие предлози.
Денеска, Ванхојте со претставници на ЗНМ остварил средба со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и со претставници на американската амбасада во Скопје.
Во текот на престојот во Скопје, Ванхојте ќе има средба со претставници на ЗНМ и на Новинарскиот форум, со дипломатскиот кор како и со владини претставници.
- На крајот од својот престој во Македонија поранешниот европски посредник и претставниците на ЗНМ ќе одржат заеднички брифинг со претставниците на дипломатскиот кор во Скопје, на кој уште еднаш ќе се потенцира потребата за реформи, какви што предвидува предлогот што произлезе од разговорите со партиите, велат од ЗНМ.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени