Писмо со сочувство од претседателот Иванов по повод земјотресот во Мексико

- Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до претседателот на Соединетите Мексикански Држави Енрике Пења Нието по повод катастрофалниот земјотрес во централниот дел на Мексико.
- Со големо жалење ги примив вестите за катастрофалниот земјотрес и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и големите штети од оваа катастрофа. Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Соединетите Мексикански Држави, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство, вели претседателот Иванов.
Сигурен сум, господине претседател, додава Иванов во писмото со сочувство до неговиот мексикански колега, дека со вашето лидерство, Соединетите Мексикански Држави брзо ќе ги надминат последиците од оваа природна катастрофа.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
