Пишев: Дали „Тритерол“ е голема пералница на пари на функционерите на СДСМ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, на денешната прес - конференција изрази сомневање дека фирмата „Тритерол“ е голема пералница на пари во која според него, се вртат милионите на функционерите на СДСМ. Тој покажа документи, според кои фирмите на, како што рече Пишев, функционерот на СДСМ Лефтер Андонов преку општината добиле тендери во висина од милион и 150 илјади евра.
- СДСМ вчера јавно призна дека функционерот на СДСМ, Лефтер Андонов преку неговите фирми добивал тендери од Општина Струмица, односно нивната одбрана дека земал пари, ама не многу или поедноставно кажано, крадел, но не многу. Аболираниот Зоран Заев за криминал од 8,5 милиони евра преку Општина Струмица на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов и на неговите три фирми „Тритерол“ Доел, „Тритерол- бенз“ и „Тритерол -Турс“ обезбедил тендери во висина од милион и 150 илјади евра, рече Пишев.
Според него, во документите се гледа дека преку осум тендери добиени во ист ден, за Пишев спорните фирми од Општина Струмица добиле 17.905.040 денари, а според други два договори со струмички „Комуналец“ уште дополнително 12.120.000 денари. Пишев рече, дека според него, поголем скандал се добиените тендери на оваа фирма во Општина Куманово, каде што градоначалник е од редовите на СДСМ.
- Фирмата во сопственост на функционерот на СДСМ има склучувано договори за јавна набавка и со Општина Куманово, со која исто раководи градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски. Во месец февруари, за набавка на гориво „Тритерол Петрол“ добила бизнис од Куманово и Дамјановски во вредност од дополнителни 23.714.413 денари. Ова отвора сомнеж дека „Тритерол“ е голема пералница на пари во која се вртат милионите на функционери на СДСМ, рече Пишев на прес-конференцијата.
Рече дека СЈО која според него води политичка хајка во Битола, во Струмица имала, како што рече Пишев, класичен случај каде има основан сомнеж за перење пари и голем криминал.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг