-->
-->
Пиоли поднесе оставка, Интер не му ја прифати
-->
По поразот на Фиорентина (5:4) и продолжување на серијата од пет натпревари без победа, тренерот на Интер Стефано Пиоли поднесе оставка, што не беше прифатена од управата на клубот.
Италијанските медиуми објавија дека со неприфаќањето на оставката, раководството на Интер само купува време како би се договорила со младиот тренер Џанлука Векио да го предводи тимот до крајот на сезоната.
Тоа е причината зошто Пиоли се уште е на тренерската функција, но можеби ќе си замине по натпреварот со Наполи, особено ако резултатот не е позитивен за Интер.
Пиоли не е задоволен од статусот во миланскиот клуб и смета дека уште од неговото доаѓање, за него се зборува како преодно решение додека на клупата не седнат Диего Симеоне или Антонио Конте.
Исто така Пиоли смета дека дел од играчите не го даваат максимумот на терен и работат на негова смена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје