-->
-->
Пинпонгарите од Србија триумфираа на турнирот во Скопје
-->

Во Скопје се одржа квалитетен меѓународен турнир во пинг-понг со доминација на играчите од Србија. Меѓу 8-те најдобри двајца претставници од Македонија
35 учесници од Србија, Косово и Македонија се претставија на меѓународниот пинпонгарски турнир кој во организација на Самсунг и пинпонгарската федерација на Македонија се одржа во спортската сала Форца во Скопје.
Љубителите на овој спорт можеа да уживаат во добрите игри на учесниците а доминираа претставниците на Србија кои ги освоија првите три места. Најдобар беше Стефан костадиновиќ од Спартак Суботица пред членовите на ПК Банат Илија Мајсторовиќ и Алекса Адамовиќ.
Од нашите претставници меѓу осумте најдобри се пласираа Кристијан Станојковски и Петар Костовски кои не успеаја да го минат четврфиналето.
Инаку овој турнир беше еден од поквалитетните организирани во последните неколку години во Македонија со надеж дека ваквата традиција ќе продолжи и во иднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
