-->
-->
ПИНГ ПОНГ: УГД останува во елитата
-->
Во Кочани се одигра бараж натпревар за пополнување на супер лигата меѓу екипите на Кочани кои беа второпласирани во регуларниот тек на првата лига и УГД од Штип седмопласирани во супер лигата. Штипски УГД го задржа супер лигашкиот статус, забележувајќи убедлива победа над Кочани од 4:0.
Првиот полуфинален плеј оф натпревар помеѓу Младост и Телеком НЕЦ заврши со победа на Младост со вкупен резултат од 2:1
Првата средба мечу овие две екипи се одигра на 11 Мај во Скопје во кој Прилепчани беа поуспешни од скопската екипа на Телеком НЕЦ со 4:3.
Втората и третата средба се одиграа во Прилеп. Втората средба убедливо ја добија скопјани со 4:1, додека третата средба која донесе неизвесност исто како и првиот натпревар во Скопје ја добија играчите на прилепски Младост со 4:3, со што прилепчани се првиот финалист. Младост во финалето го очекува победникот од натпреварот помеѓу Вардар и Младост 96.
Во салата на општинското училиште Никола Карев во Крушево се одигра завршниот турнир од лигата за сениорки. На турнирот учествуваа три екипи: Рисови, Крива Паланка и екипата на домаќините Крушево. Супериорно до шампионската титула стигна екипата на Рисови, втори беа сениорките на Крива Паланка додека третото место им припадна на Крушево.
Резултати
ППК Скопје Рисови-ППК Крива Паланка 4-0
ППК Скопје Рисови-ППК Крушево 4-1
ППК Крива Паланка-ППК Крушево 4-2
ППК Скопје Рисови-ППК Крушево 4-1
ППК Крива Паланка-ППК Крушево 4-2
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска